ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

Артикли

СИСТЕМ 48

 

Систем 48

 

Почитувани,

Општина Гевгелија заради подобрување на ефикасноста и транспарентосноста на јавно достапните услуги и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните воведe систем 48 часа.

 

Граѓаните својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно. Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен. Во рок од 48 часа граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот за решавање, конечно решение или поведена постапка за решавање на пријавеното барање.

 

За да го решите вашиот комунален  или друг вид проблем, непријатана миризба, оштетена урбана опрема, дефект на јавното осветлување, расфрлан смет и  несовесно постапување со комунален отпад, дефект на водоводни или фекални мрежи, дивоградби и сл., кои се во надлежност на локалната самоуправа, доволно е само еден телефонски повик, SMSпорака или E-mail.

 

Системот 48 часа ќе обезбеди подобар квалитети контрола на општинските услуги кон граѓаните и  ќе придонесе за решавање на проблемите и барањата на граѓаните на новмодерен и едноставен начин, преку евиденција на барањето кое ќе се  заснива само на технички податоци и факти.

 

Општина Гевгелија, со цел да воспостави подобра комуникација со граѓаните отвори Callцентар во кој граѓаните своите проблеми, барања, забелешки, идеи, предлози за подобрување  кои се во надлежност на општината можат да ги пријават:

 

  • Лично (со доаѓање на граѓанинот во Сервисниот центар кој се наоѓа во бараката на одделението за даноци и такси зад општинската зграда);
  • На фиксниот телефон со број 034/611-999од  08 – 16 часот се јавува операторот, а потоа пораката  ќе ја забележи говорниот апарат;
  • Преку SMS поpака  на мобилниот телефонски број 076/211-999
  • Или преку испраќање на електронската апликација- пријави проблем.

Наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција, на  е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Барањето за видови на проблеми од областа:


1.       јавно осветлување

2.       сообраќајна сигнализација

3.       отстранување на диви депонии

4.       чистење на улици

5.       собирање на смет

6.       улици, патишта, тротоари

7.       урбана опрема

8.       одржување на зелени површини

9.       згрижување на кучиња скитници

10.    водовод и канализација

11.    поправка на водоводна мрежа

12.    барање до општински инспекции

13.    дивоградби

 

               Нашиот  оператор  во рок од  48 часа  ќе ве информира за статусот и планираното време за  решавање  на пријавениот  проблем , преку телефон,  SMS или Е-mail.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________