ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МЕЃУНАРОДНА ТИТУЛА „МАЈСТОР ГОТВАЧ„ ЗА АЛЕКСАНДАР СИМЈАНОВСКИ ОД РЕСТОРАНТОТ „БОКО„ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Највисоката титула на меѓународниот гастрономски фестивал „СКМЕР“, што се одржа викендов во Макарска, Хрватска, му припадна на готвачот Александар Симјановски од ресторанот „Боко“ во Гевгелија.

Тој се закити со плакета и со златен медал за приготвување и декорирање на јадење, за категоријата во која се натпреваруваше, на фестивалот кој е вистински рај за очи и за вкусови. На овој Интеррегионален натпревар се натпреваруваа 15 готвачи од шест земји. Воедно титулата „мајстор готвач“ на Александар Симјановски му се доделува заради извонредно знаење и вештини од областа на кулинарството, како и работата за унапредување и развој на кулинарството, во медитеранските и европските региони. Титулата ја освои во конкуренција на повеќе познати готвачи, од повеќе земји учеснички на фестивалот, кој трае неколку дена, и натпреварувачите се натпреваруваат во повеќе категории на приготвување главни јадења, специјалитети, поставување на маса, како и подготвување на десерти. Инаку, готвачот Александар Симјановски досега има добиено повеќе прзнанија и награди на меѓународни фестивали за кулинарството во поранешните Ју простори, но и во Германија, Русија и во други земји. Редовно учествува и на гастрономскиот меѓународен фестивал во Супетар, на Брач, наречен „Вкусовите на Херцеговина“, но, ова досега му е највиско признание од ваквите нстапи на интернационални фестивали, на кои ја претставува својата земја, Македонија. Инаку, на „СКМЕР“ гевгелискиот ресторан „Боко“, како минатогодишен победнмик во категоријата - најдобри ресторани, годинава ја презентираше македонската кујна. Во саботата, на 18 февруари, во хотелот „Мирамаре“ во Макарска, беше одржана македонска вечер на која гевгелискиот ресторан ги презентираше најдобрите македонски кулинарски специјалитети пред бројните гости, а сето тоа беше пороследено со македонска музика.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________