ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

КК „КОЖУВ„ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА БАЛКАНСКАТА ЛИГА

Во последното коло во групата Ц од регионалната БИБЛ лига екипата на Кожув извојува голема  победа над тимот на Фени Индустри со 69-70.

Со оваа победа екипата од нашиот град е последниот патник во следната фаза од ова кошаркарско натпреварување, а ќе му се придружи и Фени индустри по победата на Берое со гостинскиот триумф над Сутјеска. 

Кожув  уште од самиот старт наметна високо темпо на игра, а расположените Мијовиќ и Дјурошевиќ беа нерешителна енигма за домашните кошаркари, па тие на полувреме имаа високи 11 поени разлика (37-26). 

По одморот, Фени заигра поангажирано и поквалитетно, успеа да ја анулира високата предност и на 20 секунди до крајот имаше 69-68. Но, мирната рака на одличниот Хол го реши победникот

Кај победничката екипа најдобри поединци беа Мијовиќ (14) и Дјурошевиќ (15), додека во таборот на Фени Индустри се истакнаа Чешковиќ со 14 и Петровски со 11. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________