ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

УЧЕНИЧКАТА КРИСТИНА МИТРЕСКА ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ„ ОСВОИ ПРВО МЕСТО НА НАТПЕВАР ПО ФИЗИКА ВО АЛЕКСИНАЦ, РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Во периодот од 3-5 март, 2017 година, во Алексинац се одржа „ 5.Меѓународна конференција за образованието по физика во средните училишта “.

Организатори на оваа конференција се Општина Алексинац,  Друштвото на физичари во Србија, Гимназијата во Алексинац, Земјоделското училиште „Шуматовац“, Техничкото училиште „Прота Стеван Димитријевич“, Друштвото на физичари во Ниш и Подружница ДФС Нишкиот округ. На конференцијата се одржаа предавања и работилници од областа на физиката од страна на предавачи и учесници од Универзитетите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија и Грција.  Од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, на конференцијата присуствуваа професорките по физика Рамона Панорова и Марија Танева и се стекнаа со Уверение за стручно усовршување од областа на физиката. Во составот на 5. Меѓународна конференција за образованието по физика, се реализира  натпревар за Најдобар експериментален труд по физика, од претходно селектирани проекти на ученици од средните училишта. Ученичката Кристина Митреска од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија од II4 клас ја доби Дипломата за освоено 1. Место за најдобар експеримент по физика, под менторство на проф. Марија Танева.  Ученичката демонстрираше „Безжичен пренос на енергија“.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________