ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

139 ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ЛЕОНИД ЈАНКОВ

На денешен ден пред 139 години бил роден Леонид Јанков, познат војвода и револуционер Од Мачуково, во близина на Гевгелија.

Тој уште како млад се приклучил во четите на Сава Михајлов и Аргир Манасиев, бил учесник на првата поголема борба на Организацијата на 4 февруари 1901 година во селото Бајалци, кога четата на Чернопеев била опколена со околу 500 турски аскери. Османлиите биле изненадени од отпорот на востаниците, додека народот се гордеел со храброста што ја покажале неговите синови. После оваа борба биле затворени многу селани, а меѓу нив и Леонид Јанков, кој по излегувањето од затвор бил  одреден за десетар, а во 1902. година за околиски војвода во Гевгелија. 

Во текот на 1903. година Леонид се наоѓал во четата на Манасиев, учествувал во востаничката борба во гевгелискиот крај против османлиското ропство. Отако се враќа во 1904 година во гевгелискиот крај, Леонид заедно со Томе Донев и Миле Таушанов развиваат голема активност во Богданци. Но, турската војска собрала 3000 луѓе и го опколиле просторот околу селото Ѓавото, каде што Леонид Јанков со своите востаници бил засолнат во големите капини во месноста Ѓуров Дол. Се развила нерамноправна битка, во која Леонид со итрина успеал да убие многу непријатели, но кога му останале само уште два куршума, со едниот го убил јусбашијата, а со последниот сам се убил, не дозволувајќи жив да падне во рацете на турците.Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, а во негова чест била испеана познатата гевгелиска песна „Трба, Трби...“

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________