ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА

Подобрувањето на бизнис климата останува трајна определба на општина Гевгелија, која во 2016 година се остваруваше паралелно преку урбанизација на градежното земјиште и продажба на градежни парцели наменети за стопански капацитети.

Но, истовремено, и преку реализација на инвестициони проекти кои ќе го поттикнат локалниот економски развој. Покрај финиширањето на одделни проекти, како што е изградбата на новиот Градски пазар или пак подобрувањето на туристичката инфраструктура преку уредување на централното подрачје на туристичката населба Смрдлива вода, подготвена е реализацијата на неколку капитални проекти. На новиот градски пазар, кој се простира на површина од 5.888 метри квадратни, завршена е изградбата на челичната конструкција, подната плоча, паркинг просторот, оградувањето, а претстои целосно покривање на објектот. Во тек е постапка за објавување на тендер за изградба на 24 типски дуќани, како дел од пазарот и набавка на тезги. По потпишаниот договор од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ со турската компанија „Адали холдинг“, изработена е и дадена на јавна презентација Студијата за оценка на влијанието на животната средина. Веднаш потоа е издадено одобрение за градба со што се обезбедени неопходните услови за започнување на изградбата на браната Конско, предвидена во првата половина од 2017 година. Имено, претставници на изведувачот, избран по пат на меѓународен тендер, веќе се наоѓаат во општина Гевгелија и се ангажирани околу организирањето на изведбените работи. Започна да се реализира и проектот за отворање на Агроберзата кај Негорци, со отворање на првиот Откупно-дистрибутивен центар. Паралелно, на заинтересираните инвеститори им се понудени и се продадени градежни парцели наменети за лесна незагадувачка индустрија кај Сува река.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________