ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

РАЗГЛЕДАН РЕГИОНАЛНИОТ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Советот за развој на Јуигоисточниот плански регион, на вчерашната седница во Ново Село, одржана под претседателство на претседателот Иван Франгов, градоначалник на општина Гевгелија, покрај другото беше запознаен со Регионалниот план за интегрирано управување со отпад и Нацрт извештај за Стратегиска Оценка врз животната средина на Регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион.

Станува збор за стратешки документ  изртаботен во рамките на проектот „Изработка на Регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион" финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година. Носител на активностите за реализација на проектот е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, a партнери се десетте општини од регионот (Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица). Во рамките на проектот, заедно со Регионалниот план за интегрирано управување со отпад, ќе се изработат и десет петогодишни општински планови, кои ќе бидат во согласност со Регионалниот план. Овие документи понатаму ќе се усвојат од страна на општинските совети, по претходна согласност од државниот орган надлежен за управувањето со отпад.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________