ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ТППЕ-ГЕВГЕЛИЈА ЛОКАЛИЗИРАЛА 124 ПОЖАРИ

ТППЕ-Гевгелија во текот на минатата година минатата година, која со своето дејствување ги покриваше териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, имала вкупно 124 интервенции, од кои најголемиот број биле заради локализирање на појавените пожари.

Споредено со претходната година бројот на пожарите на објекти е намален на само 22, но затоа пак бројот на локализираните пожари на отворено е трикратно зголемен. Со навремена интервенција на ТППЕ-Гевгелија спречено е проширувањето на огнената стихија и на површините зафатени од истата.  Покрај ова, противпожарната единица интервенираше на поголеми сообраќајќи, а имала и повеќе технички интервенции. Најчесто при пообилни врнежи и пријавените потреби од страна на граѓаните за испумпување на водата од поплавените објекти. Вработените во ТППЕ-Гевгелија се ангажирале и за други активности од делокругот на нивните надлежности. Најголема материјална штета, во износ од 15.366.696 денари, е предизвикана од пожарите на објектите и на отворен простор. Материјалната штета од пожарите на отворени во општина Гевгелија изнесува 6.117.000 денари, а во општина Дојран 8.503 денари, иако, бројот на пожарите е значително помал. Но, на територијата на оваа општина имаше пожари од поголеми размери.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________