РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИЛИ ПРОТИВ ОТВОРАЊЕ НА РУДНИЦИ ЗА МЕТАЛИЧНИ МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ НА КОЖУФ ПЛАНИНА
- Детали
- Посети: 574
Советот на општина Гевгелија донесе одлука за распишување на референдум на кој граѓаните на општина Гевгелија ќе се изјаснат дали се за или против отворањето на рудници за металични минерални суровини на Кожув планина.
Советот на општината оцени дека на територијата на општина Гевгелија, а посебно на Кожув планина нема никакви услови за експлоатација на металични минерални суровини, без разлика на резултатите од истражувањето. Особено, ако се има предвид дека територијата на општина Гевгелија важи за еко-регион во кој се произведува здрава храна, а наскоро на падините на Кожуф планина треба да започне изградбата на Конска брана, наменета за наводнување на земјоделските површини, но и за водоснабдување.
Ваквата оценка и одлука за распишување на референдум од страна на Советот на општина Гевгелија произлезе од можноста за покренување на постапка за добивање на концесија за експлоатација на металични минерални суровини од страна на концесионерите - компанијата Минерал Ресервоарс Македонија, ДООЕЛ Скопје и компанијата Интернатионал мининг компани ДООЕЛ Скопје, кои на две локации на територијата на општина Гевгелија веќе вршат детални геолошки истражувања. Според објавените резултати од страна на канадската компанија „NEVSUN RESOURCES“, сопственик на македонските фирми, за присуството на злато во локалитетот Конско, сосема е реална можностаза за отворање на рудници од отворен тип за експлоатација со добивање на злато преку постапка на „Лужење“.
Советот на општината оцени дека тоа би било штетно за општината и нејзините граѓани, поради што е донесена одлука граѓаните по пат на референдум да го кажат последниот збор. Референдумот, согласно законските одредби, ќе се одржи најдоцна во рок од 40 дена, а ќе го спроведува Општинската изборна комисија.