ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВО 2016 ГОДИНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЗАСЕДАВАЛ 15 ПАТИ

Советот на општина Гевгелија на својата 60 седница беше запознаен со Извештајот за работата на градоначалникот на општина Гевгелија во 2016 година, а ги усвои  Завршната сметка на општинскиот буџет и Кварталниот извештај за 2016 година.

Со тоа всушност се заокружува работата на овој Совет на општината, се разбира, во зависност од исходот на претстојните локални избори. Инаку, во текот на 2016 година Советот на општината одржал 15 седници на кои се расправало за разни прашања и актии од  надлежност на овој извршен орган на локалната самоуправа.  Поточно, од предложените 226 акти 206 биле усвоени. Од страна на градоначалникот на општина Гевгелија биле предложени 116 акти (донесени 104), а преостанатите 110 акти биле предложени од други предлагачи (донесени 102). На седниците на Советот е расправано и за други информации, програми и извештаји, кои се од интерес на граѓаните на општина Гевгелија. Потребно е да се одбележи дека минатата годината навремено и согласно законските одредби беа донесени Буџетот на општина Гевгелија, со програмите за негова реализација, завршната сметка и кварталните извештаи, како и финансиските планови, извештаји и програми на локалните јавни установи. Пред донесувањето на овие документи беше организирана јавна расправа, која задолжително им претходеше на усвојувањето на сите урбанистички планови од страна на Советот на општина Гевгелија. На тој начин не само што беа обезбедени сите предуслови за нормално функционирање на локалната самоуправа, туку беше остварена и целосна транспарентност во работата.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________