ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗГРАДБА НА 14 НОВИ УЧИЛНИЦИ ВО СОУ„ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Советот на општина Гевгелија донесе одлука за долгорочно задолжување на општина Гевгелија, во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), за изградба на нови училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Со одобрениот заем во износ на 34.700.320 денари од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, ќе биде извршена надградба на западното крило на средноучилишниот центар во Гевгелија. Имено, со проектот е предвидена надградба на уште два ката од училишната зграда со што ќе се обезбедат уште 14 нови училници и други придружни простории. На тој начин ќе се обезбеди едносменско работење на СОУ„Јосиф Јосифовски“ и заштеда на енергија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________