ИЗГРАДБА НА 14 НОВИ УЧИЛНИЦИ ВО СОУ„ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“
- Детали
- Посети: 381
Советот на општина Гевгелија донесе одлука за долгорочно задолжување на општина Гевгелија, во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), за изградба на нови училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Со одобрениот заем во износ на 34.700.320 денари од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, ќе биде извршена надградба на западното крило на средноучилишниот центар во Гевгелија. Имено, со проектот е предвидена надградба на уште два ката од училишната зграда со што ќе се обезбедат уште 14 нови училници и други придружни простории. На тој начин ќе се обезбеди едносменско работење на СОУ„Јосиф Јосифовски“ и заштеда на енергија.