ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОШИРЕНА И ПОДОБРЕНА ПАТНА МРЕЖА

Во 2016 година во општина Гевгелија беа изградени нови улици и патишта во должина од 3.898 метри, додека пак асфалтот беше обновен на 8.318 м² улична површина.

Исто така, беа бетонирани улици и тротоари на 4.614 м², а со павер елементи уредени 9.257 м² пешачки патеки и тротоари. За реализација на сите овие зафати беа вложени 113.961.713 денари средства обезбедени од општинскиот буџет, како и од ИПАРД програмата. Имено, минатата година беа изградени уште 2 км од патот Негорци-Серменин со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој. Преку истата програма се обезбедени средства и за изградба на две нови улици во Мрзенци, чија изведба е во завршна фаза. Посебно значајна е изградбата на примарната и секундарната сообраќајна мрежа за поврзување на мултинаменскиот комплекс „Милци“ со автопатната делница кај преминот Богородица. Реализацијата на овој проект, кој е од исклучително значаење не само за сообраќајното поврзување, туку и за поттикнување на инвестиционата активност кај Милци, е во завршна фаза. По изградбата на натпатникот од страна на Агенцијата за регионални и магистрални патишта на РМ, општина Гевгелија  со 86.983.282 денари сопствени средства ја реализира целокупната сообраќајна инфраструктура на оваа клучка.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________