ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОТЧЕТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

-Пред четири години, кога по втор пат станав градоначалник на општина Гевгелија, ветив многу работи. Најголемиот дел од нив веќе се остварени или се во фаза на остварување, вели градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов во Отчетот за работата на градоначалникот на општина Гевгелија во периодот од 3013-2017 година.

Притоа, нагласува:

-Најдобра потврда за тоа се изградените нови патишта, атмосферски и канализациони линии, подобрените услови во образованието, развојот на културата и спортот, зголемената заштита на животната средина и подобреното урбано живеење на граѓаните.

Од вкупно реализираните проекти, во текот на изминатите четири години, само за патна инфраструктура беа издвоени 246.204.488 денари и изградени, покрај другото, најголемиот дел од патниот правец Негорци - Серменин, дел од патниот правец до село Хума, дел од Западниот булевар во Гевгелија, нови улици, тротоари ,кружни текови и пешачки патеки во сите населени места во општината.

Со сопствени средства и со финансиска поддршка од Владата на РМ проширена е канализационата мрежа, изградени се нови канализациони линии во Прдејци, Мрзенци, Моин и Давидово. За подобро водоснабдување реализирани се конкретни зафати во скоро сите населени места, а во Гевгелија е извршена реконструкција на постојниот бунар за пиење кај Вардар и започна изградбата на новиот водоснабдителен систем. За проширување на фекалната и атмосферската канализација, за нови водоводни линии и за одржување на речните корита за четири години беа вложени 73.270.499 денари. Додека пак за реконструкција на детските градинки, домовите на културата и другите општински објекти, за нова урбана опрема и за нови линии од уличното осветлување беа вложени 114.773.956 денари. Во образованието беа вложени над 17 милиони денари, така што во сите основни училишта и во СОУ„Јосиф Јосифовски“ реализирани се повеќе зафати за подобрување на условите за настава, пред се, за замена на столаријата, за реконструкција на санитарните јазли или пак реконструкција на подрачните училишта. Донесени се триесеттина урбанистички планови како основен предуслов за урбанизација, но и за подобрување на бизнис климата и поттикнување на локалниот економски развој, се вели покрај другото во Отчетот за работата на градоначалникот Иван Франгов во периодот 3013-2017 година.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________