ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ЗАПОЗНАА СО ФУНЦИОНИРАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Градоначалникот на општина Гевгелија прими околу 150 ученици од ООУ„Владо Кантарџиев“ во Гевгелија. Учениците од ова училиште, во рамките на наставната програма, непосредно се запознаа со функционирањето и работењето на градоначалникот на општина Гевгелија и на локалната самоуправа.

Тие се интересираа за повеќе прашања од делокуругот на работењето на локалната самоуправа,а поставија и директни прашања до градоначалникот на општината. Истовремено, ги изнесоа своите желби и предлози за отворање на зоолошка градинка во Гевгелија, изградба на базен, скејт парк, паркови со детски игралишта, кино. Градоначалникот на општина Гевгелија ги информираше дека во Спортско рекреативниот центар кај Касарната, покрај веќе изградените тениуски игралишта, мултинаменско игралиште и фитенс зона, предвидена е изградба на базен и скејт-парк. На неколку локации во градот веќе се уредени детски игралишта, но се планираат и нови. Додека пак по реновирањето на големата сала во Пионерскиот дом во Гевгелија ќе биде уредено и кино, а во рамките на проектот за уредување на Динќут предвидена е изградба на амфитеатар со летно кино. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________