ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗАЕДНИЧКО АВИОПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ЈУГОИСТЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Советот за развој на Југоисточниот плански регион на последната седница во Ново Село донесе одлука за заедничко авионско прскање против возрасни комарци и ларви во 2017 година на територијата на сите десет општини од Југоисточниот плански регион.

Веќе трета година по ред вои Југоисточниот плански регион се врши заедничка заштита од комарци, бидејќи на тој начин се постигнуваат поголеми ефекти. Како и минатата година, најпрво, ќе биде изведено прскање против ларви од комарци, а  второто авиопрскање ќе  биде наменето за заштита од возрасни комарци. Потребните финансиски средства за реализација на активноста околу заедничката заштита од комарци се обезбедат од Буџетите на општините за 2017 година. Имено, секоја општина до Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе достави Одлука за взаемна активност за авионско прскање против возрасни комарци и ларви во 2017 година на територијата на општините од Југоисточниот плански регион. Во оваа одлука ќе бидат определени финансиските средства, површината во хектари и бројот на прскања, кој го одредува секоја општина. Потоа ќе биде распишан тендер за реализација на планираните активности. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________