ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕКУ ОПШТИНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА УСЛУГИ ПОДНЕСЕНИ 2759 БАРАЊА

Општина Гевгелија користи и применува повеќе алатки за комуникација со граѓаните. Имено, во рамките на општина Гевгелија функционира Општинскиот центар за услуги, со истурени канцеларии во Миравци, Богородица, Негорци и Прдејци.

Во текот на минатата година преку овие канцеларии и Општинскиот центар за услуги во Гевгелија  биле поднесени 2759 барања од страна на граѓаните, по разни основи. Најголем број од барањата се однесуваат на пријави за дефект на уличното осветлување-657 и на издавање потврди за точни адреси - 648. Над 500 граѓани побарале и оствариле прием со градоначалникот на општина Гевгелија во предвидените термини за средба со граѓаните. Додека пријавени се 209 новороденчиња и за истите е исплатен предвидениот паричен надомест од 6000 денари, односно 12.000 денари за третородено дете.  Исто така, и сите други поднесени барања, согласно надлежностите на општината, се решени или проследени до надлежните државни органи. За комуникација со општината граѓаните имаат уште една алатка - Систем 48 пореку кој по пат на телефон, СМС порака или лично можат да пријават одреден проблем и во рок од 48 часа да добијат одговор за неговото решавање. Во текот на 2016 година оваа алатка ја искористилче 372 граѓани, од кои на 299 пријавеното барање им е решено во рок од 48 часа.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________