ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ ФОРУМ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во хотел Аполонија во Гевгелија беше одржан локален младински форум,посветен на проблемите, предизвиците и приоритетите на младите во Гевгелија.Форумот е дел од активностите на проектот кој го спроведува Регионален центар за одржлив развој во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а поддржан од канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Скопје.

 „Ваквите форуми кои имаат за цел отворена дискусија за потребите и приоритетите на младите во локалната заедница се инзвонредна можност за интензивирање на соработката помеѓу локалните власти односно донесувачите на одллуки од една страна и младите од друга страна“, порача Мартин Алексоски, координатор за истражување во НМСМ и еден од организаторите на форумот.  Локалниот координатор од РЦОР-Гевгелија, во својство на модератор во своето излагање наведе дека:

– ,,Исклучително е значајно сите присутни на овој форум без разлика на тоа од каде доаѓаат- дали се од политички партии, подмладоци, граѓански организации, бизнис секторот или медиумите да слушнат кои се ставовите и приоритетите на младите и да се заложат дека ќе помогнат во подобрување на состојбите”.

Целта на локалниот младински форум беше собирање на релевантните засегнати страни кои имаат влијание на локално ниво во донесувањето на одлуки со цел промовирање и актуелизирање на младинските прашања, проблеми и приоритети,со очекување дискусијата и ангажирањето во поглед на младинските прашања да придонесе кон зголемен фокус на јавноста, институциите и целокупното граѓанство за потребата од сериoзни и студиозни младински политики. Локалниот младински форум во Гевгелија следува по регионалната консултативна средба на млади, која се одржа во декември, 2016 година. Заклучокот на форумот е дека сите релевантни засегнати страни (политичките партии, локалната самоуправа, образовните институции, здруженијата на граѓани и др.) треба да ги земат во предвид приоритетите и потребите на младите и да вложат максимум напори во насока на реализаија на интересите и потребите на младите во Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________