ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ФОЛКЛОРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ЃУРА МАРА „ ВО МИРАВЦИ

Фолклорната манифестација„Ѓура Мара“Миравци 2017 година ќе се одржи  во вторник, 18 мај, на третиот ден од Велигден, со почеток во 19:00 часот, односно како што се вели и во легендата на зајди сонце.

Тажната приказна за грабнувањето на убавата девојка Мара од страна на турските војници и нејзиното ослободување од братот Ѓуро, вплеткана во оро кое го играат само девојки и жени, и на овој трет ден од Велигден ќе биде презентирана во Миравци, Гевгелија . Покровители на оваа традиционална манифестација се Министерството за култура на РМ и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов. Организаторот, КУД „Танец„ од Миравци, кои и оваа година ја продолжуваат традицијата стара повеќе од еден век најавуваат богата културно уметничка програма. Најнапред, во понеделник на 17 април во 19,30 часот, во Домот на културата во Миравци ќе биде одржана културно-забавна програма на која ќе настапат, драмската секција и хорот при КУД „Пријатељи„ од Јабланица, Република Босна и Херцеговина, драмската секција при СОУ „Јосиф Јосифовски„, ООУ „Климент Охридски„ како и домаќините КУД „Танец„ од Миравци. Во вторникот, на третиот ден на Велигден,пред  гостите на платото пред Домот на културата во Миравци најнапред ќе  биде прочитана легендата за Ѓура Мара а потоа ќе настапат домаќините како и гостите, КУД „Пријатељи„ опд Јабланица, КУД „Браќа Минкови„ од с.Куклиш, Струмица, КУД „Кирил и Методиј„ од с. КуклиШ, Струмица. На крајот од официјалната програма ќе биде   изведено традиционалното оро посеветено на грабната девојка од овој крај, по што забавата,исполнета со песни и ора, ќе продолжи до доцна во ноќта. Медиумски покровител е Телеканал А1. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________