ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СЕ ОДРЖА НАЈСТАРАТА АВТЕНТИЧНА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА „ЃУРА МАРА„

И вчера, традиционално,, сите правци водеа кон Миравци. На  третиот ден од големиот христијански празник Велигден, и покрај лошите временски услови , во ова убаво населено место  се одржа „Ѓура Мара„  најстарата автентична  фолклорна манифестација во Република Македонија.

Тажната приказна за грабнувањето на убавата девојка Мара од страна на турските војници и нејзиното ослободување од братот Ѓуро, вплеткана во оро кое го играат само девојки и жени, и на овој трет ден од Велигден,  собра и старо и младо, на платото пред Домот на културата, на зајдисонце, како некогаш, за уште еднаш сите заедно да се потсетиме  на нашето минато, на нашите потомци, да се препуштиме  на сеќавањата, а со тоа да се  продолжи аманетот на нашите претци кој тие, преку ова оро  го оставиле на  денешната генерација, како една убава традиција. Покровители на оваа традиционална манифестација се Министерството за култура на РМ и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов. Организаторот, КУД „Танец„ од Миравци,  и оваа година ја продолжија традицијата стара повеќе од еден век, организирајќи  богата културно уметничка програма. Пред  гостите на платото пред Домот на културата во Миравци најнапред беше прочитана легендата за Ѓура Мара, по што   настапија  домаќините, младите и постарите членови на КУД „Танец„. По нив своите фолклорни способности ги покажаа  и гостите, КУД „Пријатељи„ од Јабланица, кои беа предводени од градоначалникот на Јабланица, Салем Дедиќ., КУД „Браќа Минкови„ од с.Куклиш, Струмица, КУД „Кирил и Методиј„ од с. Куклиш, Струмица. На крајот од официјалната програма беше   изведено традиционалното оро посеветено на грабната девојка од овој крај, по што забавата,исполнета со песни и ора,  продолжи до доцна во ноќта.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________