ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ЈАБЛАНИЦА И ГЕВГЕЛИЈА

Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов денес оствари средба со градоначалникот на збратимената општина Јабланица, БиХ, Салем Дедиќ, кој престојуваше на синоќешната манифестација „Ѓура Мара“ во Миравци.

Имено, на оваа традиционална културна манифестација учествуваше и КУД„Пријатељи“ од Јабланица, кое остварува повеќегодишна соработка и размена со КУД„Танец“ од Миравци. По тој повод градоначалникот на Јабланица Салем Дедиќ изрази големо задоволството што воспоставената соработка пред повеќе децении, во рамките на емисијата „Знаење-Имање“, повторно се обновува, и тоа со конкретни зафати и активности.

На средбата во Гевгелија двајцата градоначалници изразија задоволство од досега реализираната соработка, а стана збор и за можностите за нејзино унапредување. Имено, покрај културната размена што редовно ја имаат Гевгелија и Јабланица, општина Јабланица го презеде и успешно го применува Системот 48, а се најавени и други заеднички проекти.

-Јабланица е мало место, но со богато историско минато и природни погодности. Заштитата на животната средина е наша обврска и одговорност. Додека пак искористувањето унапредувањето на енергетската ефикасност нуди големи можности за соработка, истакна градоначалникот на Јабланица Салем Дедиќ.

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов го информира гостинот за активностите во општина Гервгелија, а пред се, за претстојниот референдум на кој граѓаните на општина Гевгелија ќе се изјаснат дали се за или против отворањето на рудници за металични минерални суровини  во општината. Тоа ќе биде најдобра насока за идниот развој на Гевгелија како еkо регион, нагласи Франгов.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________