ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЈАВНА ТРИБИНА ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ НА 23 АПРИЛ

Во Гевгелија денес  се одржа Јавна трибина во врска со површинските металични минерални суровини и нивното влијание на животната средина, а во пресрет на референдумот кој ќе се одржи на 23 април во општина Гевгелија на кој граѓаните на општина Гевгелија, ќе се изјаснат дали се за или против отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Гевгелија. 

 На трибината со свои излагања за штетноста од отворање на рудници од  површински тип на Кожуф планина, пред присутните граѓани  говореа  професорите од Природно математичкиот факултет во Скопје,  Љупчо Меловски, Славчо Христовски, Митко Караделев, како и Јанко Темелков, доктор по хемиски науки од Гевгелија. Сите тие истакнаа дека се пријатно изненадени  што граѓаните од општина Гевгелија решиле судбината околу отварањето на рудници за злато, да ја земат во свои раце преку организирање на Референдум. Беа едногласни во искажувањата дека, доколку се оствари отворањето на рудници на Кожуф планина, не само што ќе биде видоизменет изгледот на планината, не само што ќе бидат исечени над 3000 хектари борова шума, белите дробови на Гевгелија, туку ќе биде загрозено и здравјето на луѓето со тоа што штетните отровни материи кои ќе се користат при одвојувањето на златото од рудата ќе навлезат во подземните води а и ќе бидат присутни во воздухот кој ќе го дишат гевгеличани. Професор Меловски си го искажа своето размислување како македонец, дека безумно е во 21 век да се отвораат рудници било каде во светот, па и на Кожуф, кои би користеле методи на одвојување на златото од 19 век. Сите тие ги повикаа гевгеличани масовно да излезат на референдумот и да гласаат против отворањето на било какви рудници на Кожуф планина.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________