ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЕДУКАЦИЈА НА ЧЛЕНОВИ И ЗАМЕНИЦИТЕ НА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ ПРЕД ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

Во пресрет на претстојниот референдум, закажан во недела, 23 април 2017 година, Општинската изборна комисија организира задолжителна едукација на членовите и замениците на избирачките одбори.

Едукацијата  се одржа во Народниот театар во Гевгелија, денес од 9 до 16 часот. Според претседателката на ОИК Гордана Поп-Кочева едукацијата  се одржа  во вид на семинар на кој  се разработуваат теориски и практични прашања поврзани со претстојниот референдум. Истиот ќе се одржи на сите 37 избирачки места во општина Гевгелија, согласно Изборниот законик, на кои се врши гласањето на парламентарните и локалните избори. Граѓаните на референдумот ќе можат да се изјаснат дали се за или против отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Гевгелија. Според Поп-Кочева сите активности и подготовки за референдумот се одвиваат согласно Упатството на ДИК и навреме ќе бидат завршени.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________