ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ПЕРО ИЛИЕВСКИ – УМА 2017“

Меморијален планинарски марш "Перо Илиевски-Ума 2017“ по 24. пат се одржа во чест и сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.

 

„Многу членови од планинарските друштва од југоисточниот регион, меѓу кои повеќето млади, дојдоа денеска да рекреираат и маршираат по средно тешката патека трасирана во атарите на планинските села Конско и Ума, патека која беше меѓу најомилените на чичко Перо, информираа организаторите кои истакнаа дека денешната масовност ќе ги мотивира и во иднина да преземаат активности за привлекување на младите потенцијални планинари од регионот. На целта во селото Ума беше положено цвеќе на спомен плочата на Перо Илиевски, а маршот заврши по церемонијата за доделување благодарници за учество и заедничкиот ручек.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________