ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПОСЕВИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Иако, изминатиов викенд утринските температури во Гевгелиско во споредба со другите делови од земјата беа нешто повисоки, сепак, земјоделците се жалат на одредени штети на земјоделските посеви.

Особено, во одделни атари на општината, како што е Моин и околината. Неколкумина земјоделци веќе пријавиле оштретувања на лозовите насади и овошките поради ниските ноѓни температури невообиачаени за ова поднебје. Токму и затоа, на сите земјоделци им е овозможено да ги пријават предизвиканите штети во Општинскиот центар за услуги во општина Гевгелија, како и во истурените канцеларии во Миравци, Прдејци, Негорци и Моин. Истовремено, екипи на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди во соработка со Подрачната единица на Министерството за земјоделство ќе изврши увид на самиот терен. По обиколката ќе се знае поконкретно колкави штети и каде се предизвикани.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________