ВО ПТЦ „ВИНОЈУГ“ КАЈ БОГОРОДИЦА ОСТАНАА УШТЕ 9 МИГРАНТИ
- Детали
- Посети: 381
Во Прифатниот транзитен центар за мигранти „Винојуг“ останаа само уште 9 мигранти, од кои 2 мажи, 2 жени и 5 деца. Според податоците на Граничната полиција на котата К-59 нема мигранти ситуацијата е мирна, а не се забележани нови мигранти.
А, тоа значи дека во изминатите 24 часа нема евидентирано мигранти кои нелегално влегле во Република Македонија од соседна Грција. Последниве денови бројот на мигрантите е намален од 15 на 9, бидејќи повеќето од нив се враќаат назад. Истовремено, поради засилената гранична контрола од страна на македонските и европските полицајци намалени се и нелегалните влегувања на миграните од соседна Грција.