ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ТУРИСТИЧКО-ГАСТРОНОМСКА ИЗЛОЖБА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ

Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија  со преселувањето во дел од реконструираните простории на поранешната Алатница во Гевгелија  создаде подобри услови за изведување на наставата, но и за соработка и афирмација на туризмот под ова поднебје, истакна вчера, при отворањето на традиционалната 9-та Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот во Гевгелија,  деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф.д-р Димитров.

Во моментот, на овој факултет, кој има свои дисперзирани студии во Скопје и Штип, а чие седиште е во Гевгелија студираат 2000 студенти, додека само во Гевгелија наставата на овој факултет ја посетуваат 150 студенти. Тој изрази оптимизам дека во иднина на  Универзитетот Гоце Делчев од Штип, на кој студираат над 20.000 студенти, ќе бидат отворени и  нови факултети кои во моментот не постојат на овој универзитет. Изложбата за отворена ја прогласи др. Марија Шопова-Магдинчева, раководител на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија. На изложбата во хотел „Аполонија“ гевгелиските студенти на Факултетот за туризам и бизнис логика во Гевгелија, кој е дел од Универзитетот во Штип го претставија етно наследството од овој крај, стари предмети и артифекати, но и обичаи со кои се претставуваат културните вредности на регионот „Бојмија“. Исто така, на изложбата студентите ги презнтираа и своите гастрономски вештини. Програмата ја збогатија младите играорци од друштвото „Бојмија„.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________