ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СО ЗАБАВНА ПРОГРАМА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ПРОСЛАВЕН „ДЕНОТ НА ЕВРОПА„

Традиционално, и оваа година во Гевгелија беше одбележан Денот на Европа -  9 мај. На свеченото одбележување учениците од основните училишта „Владо Кантарџиев„ и „Крсте Мисирков„ беа претставени четири држави, членки на Европската унија:Германија, Шведска, Грција и Кипар, на специјално поставени штандови за секоја од овие четири земји. 

Љубчо Алексовски, модератор на настанот, изјави дека преку реализација на повеќе проекти кои се финансисики подржани од ЕУ фондовите општина Гевгелија остварува плодна прекугранична соработка со Грција и Бугарија од која значајни бенефити има населението. Присутните имаа можност да присуствуваат и на богата  културно-забавна програма на која , свое учество зедоа ученици од основните училишта во општина Гевгелија, Културно уметнички друштва како и секции и хип-хоп групи.Денот на Европа, што се одржува на 9 мај секоја година, го слави мирот и единството во Европа. Датумот ја одбележува годишнината од историската "Шумановата декларација". Во говорот во Париз во 1950 година, Роберт Шуман, тогашниот француски министер за надворешни работи, ја истакна  неговата идеја за нова форма на политичка соработка во Европа, која ќе  направи некоја идна војна меѓу нациите во Европа да биде незамислива.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________