ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СО ИПА ПРОЕКТОТ „АКВА М2„ ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА КОРИТОТО НА СУВА РЕКА

Заштитата и зачувувањето на квалитетот на водата е прашање од централно значење во рамките на прекуграничната соработка на пограничните општини крај македонско-грчката граница.

Водата на реката Вардар има витална улога за сите човечки активности кои се случуваат во регионот, вклучувајќи ги и оние со голема економска важност, како што се земјоделството, екстрактивните активности и индустријата. Оттука и поддршката на проектите и иницијативите за заштита на реката Вардар преку ефикасното управување со водените ресурси, кое практично е невозможно да се постигне без заедничко делување меѓу одговорните чинители од двете страни на границата. Ова беше констатирано вчера на состанокот во Техничкиот секретаријат на ИПА-Програмата за прекугранична соработка во Солун од страна на претставниците на општините Гевгелија, Пеонија и Халкидона, кои заедно со ЈПКД„Комуналец“ од Гевгелија, јавното претпријатие „Деја“ од Поликастро и Универзитетот „Аристотелу“ во Солун, кои во наредните две години заеднички ќе го реализираат проектот „Одржливо управување на прекуграничните водни ресурси - AQUA-M 2“. Имено, овој проект, чиј лидер партнер е општина Гевгелија, беше одобрен за финансирање од ИПА-ППС на Македонија и Грција од последниот повик. На општина Гевгелија ќе и бидат доделени 520.000 евра за регулација на дел од коритотот на Конска река, односно Сува река, која се влева во реката Вардар. Додека пак на ЈПКД„ Комуналец“ ќе му бидат доделени 137.000 евра за набавка на комплетна лабораториска опрема за мерење на квалитетот на водата. Опремата ќе биде комплементирана имајќи предвид дека во завршна фаза е изградбата на новата Пречистителна станица кај реката Вардар со што ќе се надополни овој проект за уредување на пограничниот регион во еко регион и заштита на водените ресурси. До крајот на месецот треба да биде усогласен буџетот за реализација на проектот, а во јуни се очекува и потпишување на договорот на реализација на проектот AQUA M 2. Инаку, пограничните општини Гевгелија и Пеонија беа партнери и во претходно успешно реализираниот проект AQUA M 1 со финансиска поддршка од ИПА-Програмата за прекугранична соработка, во чии рамки во Гевгелија беше уреден одводниот канал Рауљ кај Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________