ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ СЕ ОДВИВА ПО ПЛАНОТ

Изградбата на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се одвива според планот, беше констатирано на вчераниот состанок на претставници на општина Гевгелија, изведувачот, наѕорот и проектната единица за подобри општински услуги (МССИП) во Министерството за финансии на РМ.

Притоа, беше нагласено дека доводниот цевковод од автопатот до резервоарот на Мрзенски рид веќе е изграден, а потисниот цевковод е изграден од резервоарот до хотелот "Нар". Во моментот се работи на резервоарот на Мрзенски рид, каде што се завршени земјините работи и поставена е бетонската подлога. Со проектот е предвидена изведба на пумпни станици, цевовод и резервоар за вода со капацитет од 1000 метри кубни. Во рамките на бунарскиот систем предвидена е изградба на хлорна станица, од која  водата ќе се транспортира преку потисен цевковод до резероарот, во должина од 1.366 метри. Поврзувањето на резервоарот до постоечкиот цевковод ќе се реализира со изградба на нов доводен цевковод со  должина од 2.186 метри. Вкупната должината на ново изградениот потисен и доводен цевководот изнесува 3.552 метри. 

Изведувач на работите е бугарската фирма "Хидрострој", која на меѓународниот тендер понуди најповолна понуда. Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 1.712.602 евра или над 105 милиони денари и ќе се финансира преку заем од Проектот за подобрување на општинските услуги во износ од 83.471.430 денари или 1.357.259 евра, обезбедени од Светска банка, грант за подобрување на руралната инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услуги од 260.000 евра од кој 195.000 евра се обезбедени преку Европската унија од ИПА фондовите, додека 65.000 евра се средства од националниот буxхет на РМ.

- И грант за општина Гевгелија, во износ од 5,927.409 денари, односно 96.380 евра обезбеден преку Министерството за транспорт и врски преку Проектот за водовод и канализација финансиран, со заем од Европската инвестициска банка, наменети за двете нови бушотини. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________