ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ СО МОНОДРАМАТА ЗА НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Утре, петок, 12 мај,  во Народниот театар во Гевгелија, актерот Петар Темелковски ќе ја изведе пред гевгеличани монодрамата „Песни за татковината„ од Никола Јонков Вапцаров.

Оваа монодрама премиерно беше изведена на 6 април оваа година на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов - Џинот во Велес. Почетокот на претставата е во 20 часот, а влезот е слободен за сите љубители на театарската уметност. Ова е  авторски проект на Петар Темелковски, а по повод 75-годишнината од смртта на македонскиот револуционер, хуманист и поет Никола Јонков Вапцаров, поддржан од Министерството за култура во годишната програма на Велешкиот театар.  Вапцаров е редок поет кој е преведуван на стотина јазици, тој е поет на целиот свет, бидејќи напишал толку песни за својата земја и воопшто за праведно човештво. Интересно е да спомнам дека за Вапцаров има една многу потресна работа, кога бил осуден на смрт тој од бугарскиот цар Борис трети добил помилување, но помилувањето го одбил. Вапцаров ги условил властите, или сите негови другари од ќелијата односно сите седум патриоти и дејци за слобода кои требало да бидат стрелани да бидат ослободени или никој, а меѓу нив бил и Антон Попов. Но, бидејќи не било прифатено неговото барање, Никола одлучил да умре и да биде стрелан со неговите другари. Тој не го прифатил помилувањето бидејќи оценил дека со тоа не ќе може да живее и со тоа докажал дека е многу храбар, вели Темелковски. Никола Јонков Вапцаров е роден на 7 декември 1909 година во Банско, Пиринска Македонија, а бил стрелан на 23 јули 1942 година. За време на неговиот живот била објавена неговата збирка поезија „Моторни песни“, а потоа по паѓањето на фашизмот во Бугарија и „Антологија“ и книгата за деца „Пролет“. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________