ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВТОРО МЕСТО ЗА ГЕВГЕЛИСКИТЕ УЧЕНИЦИ НА „ТУРИСТИЧКИОТ ПАЗАР“ ВО САРАЈЕВО

Учениците од угосителско-туристичката струка при СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија го освоија второто место на меѓународниот натпревар „Туристички пазар“. 

(“Turistička tržnica”). Имено,  натпреварот се одржа од 7 до 10 мај во Сараево и опфати угостителско-туристички училишта од Белград, Загреб, Пула, Опатија, Раб, Хвар, Лесковац,  Врњачка Бања и др. Учениците на натреварот се претставија  со штандови, со производи од своето поднебје, кои се традиционални и белег на регионот, со реклама и говорен настап. Говорниот настап беше  на мајчиниот јазик и на англиски јазик.

Гевгелискиот туристички производ со  наслов: „Фестивалoот на смоквите - од антика до современа реалност“ беше претставен од ученичките Станија Златановиќ и Анастасија Зејринова. Тие го привлекоа вниманието со традиционалните јадења и производи од крајниот југ на Република Македонија.

Натпреварот е поддржан од Министерството за туризам на Босна и Херцеговина, општината Стар Град и Општина Центар (Сараево).

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________