МАТУРСКА ПАРАДА 2017
- Детали
- Посети: 189
Околу 200 матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски„ од Гевгелија под менторство на професорката Виолета Аризанова, точно на пладне го заиграа матурскиот кадрил на шеталиштето во Гевгелија на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот”.
Заедно со матурантите од Македонија, од Гевгелија, Струга, Охрид и Струмица,квадрилот го играа и матуранти од 15 европски држави и 120 градови.
„Нека овој матурски танц остане засекогаш во вашите сеќавања а животот да ви биде како и овој танц, исполнет со радост, разиграност, дугарство, но и одговорност кон животните обврски, кои допрва ве очекуваат како вредни, работливи и успешни граѓани на нашата држава Република Македонија. „- им порача преку Македонското радио, градоначалникот Иван Франгов. Пред почетокот на матурскиот танц на плоштадот во Гевгелија средношколците делеа позитивни пораки за сeмејствата, а граѓаните можеа да донираат средства кои ќе бидат наменети за семејства во социјален ризик. Заедно со матурантите од Македонија, квадрил заиграа и матуранти од 15 европски држави и 120 градови.