ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СПАСОВДЕН 2017, БОГАТА ПРОГРАМА И ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА 130 ГОДИНИ ГРАД„

Годинава по повод Спасоведен - Заштитникот на Гевгелија се предвидуваат повеќе манифестации, концерти и изложби во пресрет и на самиот ден на празникот.

Токму на Спасовден ќе биде одржана свечена промоција на Монографијата „Гевгелија 130 години град“ во која на 180 страници, преку слика и збор, ќе биде прикажан развојот на Гевгелија. И тоа, од самото формирање на Гевгелија како градска населба, па, се до денешни денови. Монографијата, чиј издавач е општина Гевгелија, содржи ретки документи и фотографии за 130 годишниот развој на Гевгелија како град. Инаку, одбележувањето на Спасовден започнува на 22 мај 2017 година (понеделник) со изложба на ликовни дела од членовите на Друштвото на ликовни ументици на Гевгелија. На 23 мај (вторник), а во предвечериоето на Денот на македонските просветители, ќе се одржи традиционалната манифестација „Распеана чаршија ТРБА, ТРБИ“. На шеталиштето, на отворена сцена, ќе настапат Распеани гевгеличани, Распеани пензионери „Сава Михајлов“, Распеани Радовишани,  Распеани Валандовчани и Распеани Светиниколчани. На концертот ќе настапи и пеачката група од Полипетру, соседна Грција. На 24 мај 2017 година (среда), во Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи детскиот музички фестивал „Распеани дечиња“. Промоцијата на монографијата „Гевгелија 130 години град“ ќе се одржи на 25 мај 2017 година (четврток), во големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот. На промоцијата ќе и претходи изложба на стари фотографии од Гевгелија, во фоајето на Народниот театар. На промоцијата на монографијата се очекува да се обратат градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов и академик Георги Старделов, а предвиден е и настап на градскиот хор „Гортинија“.  

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________