ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБУКА НА РСБСП ВО СТРУМИЦА ЗА ВОВЕДУВАЊЕТО НА ИНДИКАТОРИТЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Работната група на општина Гевгелија, составена  од редот на вработените во општината и Министерството за внатрешни работи,  учествуваше во Струмица  на обуката организирана од страна на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата а во врска со примената на Индикаторите за следење на безбедноста во сообраќајот на локално ниво.

 За ефикасно управување со безбедноста во сообраќајот неопходно е познавање на постоечката состојба. Во денешно време освен традиционалниот пристап на утврдување на постоечката состојба, со користење на податоците за сообраќајните незгоди и последиците од сообраќајните незгоди, во употреба е и современ пристап, кој подразбира, употреба на индикатори за безбедност во сообраќајот (ИБС). ИБС претставуваат мерка за безбедност на сообраќајот, која на некој друг начин е поврзана со состојбата на безбедноста во сообраќајот, со сообраќајните незгоди, односно со последиците од сообраќајните незгоди. Индикаторите за следење на безбедноста на сообраќајот, кои од оваа година ги воведе Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, претставуваат значаен чекор напред во науката на безбедноста на сообраќајот и се користат за оценување и следење на состојбата на безбедноста на сообраќајот. Индикаторите може да се дефинираат како квантитативна и квалитативна мерка којашто е добиена преку серија на набљудувани факти. Индикаторот може да содржи големи количини на информации прикажани на едноставен начин што, ако се препознаат може да се искористат на соодветен начин, а во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Од страна на РСБСП дефинирани се 6 (шест) основни индикатори коишто ќе се следат во првата година, а коишто се однесуваат на возачите, индикатор кој се однесува на почитување/непочитување на брзината на движење, индикатор за користењето на системите за пасивна безбедност, индикатор кој ќе се однесува на возилата, индикатор за факторот пат, и индикатор кој ќе го опфати однесувањето на пешаците. На овој начин би се дејствувало превентивно и проактивно врз безбедноста на сообраќајот, што е и една од целите на струката и науката во безбедноста на сообраќајот, да се најде начин да се реагира на небезбедноста и да не се чека небезбедноста да се појави. Со други зборови, не треба да се реагира на безбедноста на сообраќајот само кога се случуваат незгоди, туку со соодветни техники треба да се предвиди и предупреди. Придобивките коишто ги носи овој проект врз безбедноста на сообраќајот се огромни и истиот го оправдува воведувањето на наведениот процес на следење на безбедноста на сообраќајот со поддршка на индикаторите на безбедноста на сообраќајот.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________