ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОЕКТОТ ЗА ТУРИСТИЧКА УЛИЦА ВО МИЛЦИ ЈА МИНА ПРВАТА ФАЗА

Проектот на општина Гевгелија „Изградба/реконтрукција на улица  во туристичко-угостителскиот комплекс Милци” со кој општината аплицираше на повикот за локална и регионална конкурентност - Инвестиции на под-грантови во инфраструктурата поврзана со туризмот и поврзувања на дестинациите, ја мина првата фаза.

Со овој проект општина Гевгелија аплицираше на јавниот повик за Проектот за локална и регионална конкурентност е грант во износ од 18 милиони евра, добиен преку инструментот на ЕУ за претпристапна помош и придонес на Владата на Република Македонија, во износ од 3,2 милиони евра, администриран од страна на Светска банка. 

Со потпроектот за туристичка улица кај Милци се планира реконструкција на постојниот локален пат, како дел од сообраќајната клучка на автопатната делница, во непосредна близина на граничниот премин Богородица, кој ги поврзува Гевгелија со туристичко-угостителскиот комплекс Милци и граничниот поремин Богородица. Со реконструкцијата на овој пат значително ќе се намали сообраќајната фрекфенција на автопатот Е-75 и граничниот премин Богородица, преку кој годишно минуваат над 5 милиони патници. Во прв ред, за туристите и гостите, кои од Гевгелија се упатуваат кон туристичко-угостителските објекти во локалитетот Милци и понатаму кон преминот Богородица. Имено, во туристичко-угостителскиот комплекс Милци се наоѓаат репрзентативните хотел-казина „Принцес“ и „Фламинго“ и неколку други помали туристичко-угостителски објекти, кои располагаат со 500 легла и во кој се вработени скоро 1000 лица. 

Исто така, во непосредна близина на патот се наоѓаат мото-крос патеката и археолошкиот локалитет Вардарски рид. Со реконструкција на патот ќе се подобри комуникацијата во рамките на туристичкиот комплекс Милци, каде што е предвидена изградба на нови туристичко-угостителски и трговски капацитети. Истовремено, ќе се обезбеди подобра сообраќајна комуникација со граничниот премин Богородица, како и афирмација на овој туристичко-угостителски комплекс. Со предлог проектот  ќе се поттикне развојот на туризмот, ќе се олесни сообраќајното поврзување меѓу хотелските и туристичките локалитети, значително ќе се зголеми  атрактивноста на вклучените локации, ќе се зголеми економската активност, растот и развојот на туристичкиот сектор на меѓународно, централно, регионално и локално ниво. Потпроектот е дизајниран да испорача финансиски, економски и социјални бенефиции на локалната заедница и приватниот сектор.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________