ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „СИСТЕМ 48„

Во текот на месец мај преку Систем 48 од страна на граѓаните биле пријавени 23 барања, од кои 16 биле веднаш решени, а преостанатите проследени за решавање до надлежните општински служби.

Ова беше кажано на денешната јавна презентација на Систем 48 часа, на која што од страна на градоначалникот на општина Гевгелија беше побарано за одделни пријавени барања да се постапува навремено, посебно кога станува збор за заловување на кучињата-скитници, и тоа да се бара од ветеринарната станица, која е ангажирана по пат на тендер. Инаку, во текот на месец мај преку Општинскиот центар за услуги од страна на граѓаните биле поднесени вкупно 84 барања од кои 77 веднаш биле решени, а другите проследени за решавање. Најголем број од пријавените - 46 се однесуваат на потврди за уличен број, а 20 за новородени бебиња. Имено, за секое новороденче општина Гевгелија на родителите им доделува по 6.000 денари. На јавната презентација беше презентирано од страна на Секторот за урбанизам и комунално уредување дека по повеќемесечниот застој поради изборниот процес, деблокирана е постапката околу потпишувањето на договорите за продадени градежни парцели и објавување на нова продажба на градежни парцели.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________