ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „АПОЛОНИЈА 2017„

Во организација на Фондацијата „Аполонија“започна 16-тата Меѓународната ликовна колонија во Гевгелија на која годинава  учествуваат десет ликовни уметници од Македонија, Србија и Бугарија... 

 

Директорот на Фондацијата Аце Ристовски соопшти дека сликарите ќе изработуваат дела по сопствен избор, инспирирани од гевгелиското поднебје, кои на публиката ќе и бидат презентирани на изложба по затворањето на колонијата.

 Годинава новина е тоа што учесниците три дена ќе престојуваат во планинското село Ума, каде што ќе работат на обновување на иконостасот во црквата „Свети Пантелејмон“, рече Ристовски и додаде дека тоа ќе го практикуваат и во наредните години во други населени места во општина Гевгелија.

Покрај гевгелиските сликари Драги Хаџи-Николов и Јордан Јанев, учесници од Македонија се и сликарите Ниче Василев, Синиша Кашавалески и Александар Јовановски.

Колонијата се одржува под покровителство на Општина Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________