ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ ЛИНИИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општина Гевгелија објави јавен повик за изградба на нови линии за улично осветлување на територијата на општината. Проценетата вредност на понудата изнесува 4.745.700 денари без ДДВ.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки и на веб страната на општина Гевгелија. Краен рок за доставување на понудите е 13 јули 2017 година, во 12 часот, кога ќе биде и јавното отворање на понудите.

Минатата година во општина Гевгелија значително беше проширена мрежата на уличното осветлување, за која цел беа изградени нови линии во Гевгелија и во населените места. Од општинскиот буџет за оваа намена беа издвоени 7.274.461 денар. Покрај ова се вршеше редовно оддржување на постојната мрежа на улично осветлување. Согласно пријавените барања од страна на граѓаните и редовното одржување на уличната мрежа, во текот на 2016 година извршена е замена на 657 сијалични места во Гевгелија и во населените места. Притоа, сите живини сијалици се заменети со натриумови и економски сијалици.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________