ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД „КРСТЕ МИСИРКОВ„ НА МАТЕМАТИЧКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО БУГАРИЈА

Успех за сите  ученици од ООУ „Крсте Мисирков„ кои учествуваа на меѓународниот натпревар Математика без граници, Несебар- 2017, а посебно за Јован Петров од осмо одделение. и Ива Цицмиловиќ, шесто одделение. и двајцата со менторот  Виолета Точева, кои освоија бронзен медал.

Во текот на учебната 2016/2017 години, учениците од ООУ „Крсте Мисирков„ учествуваа на меѓународниот турнир по математика „Математика без граници„ во организација на Математичката асоцијација од Бугарија. Овој турнир се состои од неколку круга натпревари кои се организираат во есен,зима,пролет, додека финалниот натпревар се организира во  летниот период. На трите круга натпревари, учениците од ова училиште успешно се натпреваруваа и освоија неколку златни,сребрени и бронзени медалји. Со ова тие обезбедија учество на финалниот меѓународен турнир, кој  се одржa во Несебар, Република Бугарија во периодот од 30 јуни до 3 јули 2017 година. Свечената церемонија за врачување на награди  беше во Античкиот форум во Стариот Несебар. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________