ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИВАН ФРАНГОВ:МИНИСТЕРОТ СУГАРЕВСКИ ЈА БЛОКИРА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ

Владата на СДС со секој изминат ден покажува дека не само што не е реформска, туку таа е антиреформска.

СДС ветуваше реформи, нови закони, решавање на проблемите на граѓаните, а се што направи досега  е стопирање, блокирање и укинување, на проекти започнати од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Антиреформскиот министер за транспорт и врски во владата предводена од СДС, Горан Сугаревски, одлучи да ја блокира изградбата на новиот водоснабдителен систем во општина Гевгелија, проект чија инвестициона вредност е 1.712.602 евра, со тоа што донесе  одлука за запирање на тендерската постапка за обезбедување на две бушотини, кои беа во надлежност на Министерството за транспорт и врски поради, како што се објаснува „битни пропусти и недостатоци“. Несфатливо е за какви пропусти се работи, кога тендерската документација е подготвена и одобрена од страна на Европската инвестициона банка, доделувачот на грантот, а објавена од страна на Министерството за транспорт и врски. 

 Оваа негова одлука, каква иронија, е донесена само еден ден по посетата на ревизорот од Романија, претставник на ЕУ која додели грант за реализација на проектот, како и претставниците на МСИП проектот преку кој е обезбеден заем од Светска банка за имплементацијата на проектот „Подобрувањето на системот за водоснабдување во Гевгелија”, при што беше констатирано дека изградбата на новиот водоснабдителен систем, со кој ќе се обезбеди решавање на прашањето со квалитетна вода за пиење на подолг период во Гевгелија, се одвива според планот. 

Со овој непромислен потег на Сугаревски се доведува во прашање динамиката на реализација на целиот проект и испочитување на договорените обврски, а последиците ќе бидат несогледиви.  

За жал, и овој чекор на Сугаревски ја покажува целата некадарноста на структурите на СДС, недостигот на идеи и јасен концепт за унапредување на квалитетот на живеење, како во општина Гевгелија, така и во Република Македонија.

Со запирањето на тендерската постапка за обезбедување на бушотините се доведува во прашање реализацијата на овој капитален проект за општина Гевгелија, кој според динамичкиот план, потврден од страна на донаторите, треба да заврши до крајот на ноември 2017 година. Последица од ваквата непромислена одлука е исто така фактот што финансиската конструкција за реализација на проектот, која е во тек, е целосно затворена и сите активности се договорени, а работите на терен се во поодмината фаза. Се запрашал ли Сугаревски каква лоша порака со ваквиот  непромислен потег ќе испратиме како држава кон Светската банка и кон  Европската инвестициона банка. 

Неспособноста и неработењето на владата на СДС веќе стануваат хронични.

Министерот Сугаревски наместо на прес конференции да лиферува лажни бројки и да запира тендерски постапки, треба да седне  и да почне да  работи. 

Ви благодарам

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________