ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ САМО СЕ ДЕМАНТИРА, А НАМЕРАТА Е ЈАСНА-ГЕВГЕЛИСКИОТ ВОДОВОД ДА БИДЕ СТОПИРАН ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Демантот на Министерството за транспорт на прес конференцијата на градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, во кое  признава дека тендерот за две нови бушотини од новиот водоводен систем во Гевгелија е стопиран, во суштина  покажува дека самото Министерство се демантира и покажува кој ја говори вистината, а кој манипулира, стои во реакцијата на градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, по објавениот демант од МТВ.

 

-Можно ли е тендер што се распишува четирти пати по ред, со позитивно мислење од Советот за јавни набавки и по одобрен проект од Европската инвестициона банка, да има сериозни пропусти во постапката? За волја на вистината, на третиот повик што го објави МТВ имаше интерес од една компанија, но тендерот беше поништен поради тоа што истата беше и проектант. Четвртиот,односно, последниот  повик Министерството не ни дочека да види дали има интерес, затоа што тендерот е прекинат неколку дена пред крајниот рок за поднесување на понуди. Ако толку се грижеа за Гевгелија, кога никој не пројавил интерес, зошто не почекаа да видат дали ке има заинтересиран понудувач. Нашите сознанија зборуваат дека имало заинтересирани. Или зошто Министерството не го поништи тендерот уште на 1-ви јуни и не распиша веднаш нов? 

Јасно како ден е дека намерата била да се забави реализацијата на проектот за нов водоснабдителен систем во Гевгелија затоа што доаѓаат локалните избори. Ако наредната седмица, како што стои во демантот на Министерството, се распише повторно тендерот, отварањето би било на 22.08.2017 година, и ако локалните избори бидат распишани, како што е  најавено, нема да може да се изврши избор на понудувач. Доколку и се изврши избор на најповолен понудувач, тоа би било најрано во септември заради законските рокови за жалби.... 

И да биде појасно, ако Министерството почекаше да дојде крајниот рок и да имаше доставена понуда, доколку таа беше поништена, тогаш второстепената комисија за жалби по јавни набавки ке ја поништеше нивната одлука за поништување и ке мораше да се изврши избор. Така, ќе се изгубеа се на се 15 дена, а не како сега работата да се тера до недоглед. Значи, целта на министерот Сугаревски е јасна, да се забави и да не се реализира проектот во рокот определен од Светска банка, а тоа е  17.11.2017-та година. Господине Сугаревски, знаеме дека Ве притискаат да правите опструкции, ама барем еднаш надминете се и помислете дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија ќе го користат сите граѓани на општината, како симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДС, така и на другите политички опции. Затоа, кажете ни да знаеме и да бидеме барем  на чисто, ако немате намера  парите кои ни се доделени од ЕИБ, во рамките на финансиската поддршка за сите општини, да ни овозможите да ги користиме, тогаш ние самите како општина ќе се снајдеме и ќе изнајдеме начин  да го решиме  овој наметнат проблем, се вели во реакцијата на градоначалникот Иван Франгов..

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________