ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ЗА СТАНБЕНИ КУЌИ И ЗА ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА

Општина Гевгелија објави продажба на 8 градежни парцели, од кои 7 за изградба на станбени куќи и 1 парцела за лесна индустрија.

Седумте парцели за станбени куќи се наоѓаат крај Моински пат и во станбените населби Караорман и Мрзенски рид. Најмалата градежна парцела има 304 метри квадратни, додека најголемата, наменета за станбени куќи со посебен режим е 1120 метри квадратни и се наоѓа на Мрзенски рид. Почетната цена на парцелите за станбени куќи изнесува 61 денар за метар квадратен.

Парцелата за лесна индустрија се наоѓа крај Моински пат, има 2684 метри квартани, а почетната цена е 61 денар метар квадратен.

Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават по електронски пат на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk   и тоа за:

1.  Градежните  парцели  со  намена  А0-Домување  во  станбени  куќи со  посебен  режим и  А1-Домување  во  станбени  куќи да  се  достават  до 07.08.2017 година,

2. Градежната парцела со намена  Г2-Лесна индустрија да се достават  до 14.08.2017 година.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање за градежните парцели за станбени објекти ќе се одржи на   09.08.2017 година, со почеток во  10:00 часот, а последното е закажано во 13:00 часот, а секое ќе  трае по 15 минути.

Јавното наддавање за грдаежната парцела за лесна индустрија ќе започне на  16.08.2017 година, во  10:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

Објавата за јавното најддавање може да се види и на веб страната на општина Гевгелија.

 

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ

Општина Гевгелија по пат на електронското јавно наддавање понуди за давање под закуп на 20 години на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со 

ЛУПД за  базна  станица за мобилна телефонија КО Миравци и со ЛУПД за базна станица за мобилна телефонија СРМ 7102 КО Негорци. 

Станува збор за две парцели, една од 188 метри квадратни во Миравци и една од 35 метри квадратни во Негорци, спо почетна цена од 60 денари. 

Јавното наддавање е закажано на 16.08.2017 година во 11 односно во 12 часот.

Заинтересираните  физички и  правни  лица  поднесуваат  пријава  за  учество на  јавното наддавање (во  електронска   форма на  интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава.

Објавата може да се најде и на веб страната на општина Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________