ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

АПРИЛСКИТЕ МРАЗЕВИ ПРЕДИЗВИКАА 2,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ШТЕТА НА ПОСЕВИТЕ

Невремето што на 22 април годинава ја зафати и територијата на општина Гевгелија предизвика 2.853.269 денари штети на земјоделските посеви.

Ниските температури и мразот најголеми штети предизвикаа во атарите на Моин, Миравци, Давидово, Богородица и дел од територијата на Гевгелија. На површина од 19,58 хектари мразот предизвика измрзнување на овошните насади, лозја и градинарски култури, и тоа, во одделни атари целосно. Ова го констатираше Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, која веднаш по невремето, излезе на терен. Елаборатот за предизвиканите штети од априлските мразеви се најде на денешната седница на Советот на општина Гевгелија. Притоа, беше укажано на потребата од натамошно поттикнување на индивидуалните земјоделски производи за навремено осигурување на земјоделските посеви. Советот заклучи елаборатот да биде доставен на Републичката комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________