ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПОДГОТОВКИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ДИНЌУТ

Во врска со реализација на проектот „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап", одобрен од ИПА-Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, проектниот тим во Банско, Бугарија, ги договори сите наредни активности околу имплементацијата на овој проект.

Во тек е подготовката на тендерските постапки, посебно, на тендерот за уредување на локалитетот Динќут кај Гевгелија. На крајот од август, односно почетокот на септември се очекува проектот да и биде претставен на бугарската и македонската јавност, на прес конференцијата што ќе се одржи во Банско.

Имено, партнер на општина Гевгелија за реализација на овој проект е Агенцијата за локален развој од Банско. Од страна на ИПА-ППС доделени се вкупно 215.312 евра, од кои  169.692 евра за општина Гевгелија како лидер партнер, а преостанатите средства се наменети за партнерот Агенцијата за економски развој од Банско, Бугарија. Во рамките на одобрениот проект предвидени се повеќе зафати и содржини за уредување на излетиштето Динќут во простор за забава, спорт и рекреација. Со проектот е предвидена изградба и уредување на Летно кино, односно изградба на амфитеатар со подвижно пано за летни кино-проекции. Исто така, предвиден е и простор за поставување на  справи за фитнес и гимнастика, со што се овозможува практикување на вежби во природа. Потоа, уредување на детско игралиште со поставување на реквизити и опрема за забава на деца - трамбулина, тобоган и лулашки, вештачка карпа за искачување, како и игралиште за мал фудбал. Покрај детското игралиште и игралиштето за мал фудбал, на Динќут ќе биде уредено уште едно детско игралиште со опрема од природни материјали - куќичка за деца, справа од јажиња, лулашки и слично. На Динќут, според проектот, е предвидена трим патека опремена со реквизити за трчање и вежбање наменети за возрасната група на посетители, изработени целосно од природни материјали. Се разбира, и урбана опрема, канделабри, клупи, корпи за отпадоци, информативни табли и чешми.  Предвидено е поставување на три летниковци со маси и клупи изработени од природни материјали, вклопени во конфигурацијата на теренот. Постојната техничка просторија, на влезот во локалитетот, ќе биде реконструирана и ќе служи за чување на опрема и контрола на локалитетот. Со целосната реконструкција и уредување на Динќут, но и негова целосна заштита, ќе добие ново и модерно катче за забава, спорт и рекреација. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________