ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ФК КОЖУФ ПРОДОЛЖУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ

На продолжението на годишното собрание на Ф.К. „Кожуф“, кое се одржа изминатиов викенд, а на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, работите во клубот се нормализираа.

Поточно, гевгелискиот второлигаш продолжува со подготовките за претстојната фудбалска сезона. Претседателот на клубот Ристо Танев ја повлече оставката и го најави првото засилување за годинава кое е веќе договорено со играчот од „Академија Пандев“ - Роберт Папучиев. Истовремено, соопшти дека клубот е во преговори со уште тројца нови играчи како засилување. Од страна на градоначалникот на општина Гевгелија беше нагласено дека општина Гевгелија ќе продолжи со поддршката на фудбалскиот клуб, а ќе бидат измирени финансиските обврски кои произлегуваат од Програмата за финансирање на спортот во 2017 година. Паралелно со ова општина Гевгелија веќе распиша јавен повик за реконструкција на Градскиот стадион во Гевгелија со цел да се обезбедат подобри услови за игра и тренинг на играчите, како и за самите гледачи. По окончувањето на постапката и изборот на најповолен изведувач ќе започнат и изведбените работи на стадионот.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________