ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

КОНКРЕТНИ МЕРКИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ

Општина Гевгелија, преку посебна програма обезбедува социјална заштита за граѓаните, која се остварува преку разни форми, а главно е наменета кон ранливите групи.

Така, од општинскиот буџет се субвенционира престојот на деца во детските градинки на ЈОУДГ „Детска радост“ во Гевгелија на самохрани родители и социјално загрозени родители. Исто така, се   субвенционираат и трошоците за комунални услуги на социјално загрозените лица, така што месечно им се субвенционира по 500 денари за потрошената вода до 20 кубни метри и за отпадни води.  Покрај ова општина Гевгелија обезбедува бесплатен превоз за децата со посебни потреби, кои го посетуваат Дневниот центар за деца со посебни потреби. Исто така, општина Гевгелија доделува еднократна парична помош за новородени деца, чии родители се со постојано живеалиште во Општина Гевгелија, и тоа во износ од 6.000 денари за првородено дете и 12.000 денари за третородено дете. Во Буџетот на општина Гевгелија за оваа година за активностите предвидени со Програмата за социјална заштита се предвидени 2.355.000 денари. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________