ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ НОВ МОДЕРЕН ПАЗАР

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов  свечено го предаде во употреба новиот покриен градски пазар, задоволен што Гевгелија конечно добила нов модерен пазар. 

Моето задоволство е уште поголемо бидејќи наспроти бројните сомневања и шпекулации дека овој капитален проект нема да ја дочека светлината на денот, сепак денес сме сведоци дека гевгеличани и бројните гости можат да пазаруваат во новиот пазар, рече Франгов, додавајќи дека граѓаните на Гевгелија тоа го заслужија, а општината ја исполни обврската ним и на жители од другите градови и од соседните земји да им обезбеди и понуди подобри услови за пазарување. 

Покриениот дел од новиот градски пазар зафаќа површина од 5.888 метри квадратни, поделен е во три блока и опремен со тоалети, чешми, пристапни патеки, отворен паркинг-простор и контејнери за ѓубре. 

За неговата изградба од општинскиот буџет беа потрошени 79 милиони денари.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________