ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИВАН ФРАНГОВ СМЕТА ДЕКА СТРАТЕГИЈАТА ЗА БЕГАЛЦИ ТРЕБА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Почитувани,

Внимателно ја разгледав Националната стратегија за бегалци и странци 2017-2027 и Акциониот план за 2017 година, и лично сметам, како градоначалник на општина Гевгелија, дека таа треба да биде под итно повлечена.

Најнапред, затоа што Република Македонија нема ниту финансиски потенцијали, ниту пак било какви други капацитети за спроведување на една ваква обемна и претенциозна стратегија. Сакам да напоменам дека Република Македонија со ништо не придонесе за создавање на бегалската криза, не е ниту членка на Европската унија, па затоа мислам дека решавањето на овој проблем не е задача на нашата држава, туку на сите оние кои со своите воени дејствија ширум светот го создадоа најголемиот егзодус во светот, после Втората светска војна. Јас, како градоначалник на општина Гевгелија, не можам да дадам позитивно мислење за Стратегијата, во име на граѓаните на општината, кога ќе се потсетам што истрпевме во 2015 година, колку денови и  непроспиени ноќи оставивме зад нас, кога ни се се случуваше ситуација во еден ден во нашиот град да влезат и по 10.000 бегалци, кои едноставно го блокираа секојдневното живеење на градот. Моравме, тогаш, и како општина и како држава, заедно со УНХЦР,УНДП, ИОМ и другите институции и организации, да се справуваме на лице место со настанатата ситуација, и, со огромни напори на сите субјекти, успеавме да го вратиме во нормала секојдневното живеење во градот Гевгелија, а потоа да направиме и транзитен центар, низ кој се згрижуваа и поминуваа илјадници бегалци на патот кон север. Тука, сакам да напоменам дека и во такви тешки моменти, граѓаните на општина Гевгелија ја покажаа сета своја хуманост кон оние кои бегаа од воените жаришта, и им помагаа на сите можни начини.  На крајот, сметам дека  Владата на Република Македонија треба да ги насочи своите капацитети кон создавање услови за намалување на стапката на  невработеност(која е над 20 проценти), и кон изградба на што повеќе станови за големиот број граѓани на нашата држава кои сеуште го немаат решено своето станбено прашање, а не кон создавање на   вакви стратегии за бегалци и странци.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________