ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СЕ ОДРЖА УМЕНСКИОТ ПАНАЃУР

Во населеното место Ума традиционално, секоја година се празнува верскиот празник „Свети Пантелејмон„, а на тој ден се организира и Уменскиот панаѓур. Бидејќи оваа година празникот е на 9 август, среда, работен ден, Советот на месната заедница Хума одлучи оваа година тој да се прослави, во сабота и недела, на 5 и 6 август 2017 година. 

Во саботата, со почеток од 21 часот во центарот на населеното место Хума пред многубројните гости, кои спас од големите жештини побараа во ова прекрасно населено место во пазувите на Кожуф планина, се одржа богата културно-уметничка програма, во која учество зедоа играорците на ансамблот „Бојмија„, и групата „Монета„,додека во неделата во дворот на  црквата Свети Пантелејмон, за присутните гости беше организиран свечен ручек. Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош.Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè“, а подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив“.Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________